Легендарниот кошаркар на сплитска Југопластика, Горан Собин со која во годините пред распадот на поранешна СФР Југославија освои две европски титули, почина ненадејно на 59-годишна возраст од срцев удар.
– Неочекувано нè напушти нашиот легендарен центар Горан Собин. Роден на 3 септември 1953 година, Горан беше еден од камен темелниците во најголемите денови на Југопластика со која освои две титули првак на Европа. Горане, ти благодариме за сè и Адио, објави денеска сплитскиот кошаркарски клуб.
Собин беше член на легендарната генерација на Југопластика, која во сезоната 1989 година стана европски првак, а една година подоцна ја одбрани титулата на Стариот континент.
Во дресот на Југопластика освои и три југословенски титули, а беше член и на репрезентациите на Југославија и Хрватска.