вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МАЛОЛЕТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА: Сообраќајна несреќа меѓу две возила во Лисиче

МАЛОЛЕТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА: Сообраќајна несреќа меѓу две возила во Лисиче

На 05.01.2022 во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.1523 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(30) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и малолетен сопатник во неговото возило, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.