Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ денеска на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ се појави во стајлинг кој предизвика големо внимание.
Овој пат пејачката се одлучи за црна комбинација на облека, која покрива се од глава до пети, која многу им се допадна на обожавателите.
Таа беше облечена во тесен фустан до вратот, а кратка црна јакна над тоа го истакна нејзиниот тенок струк, но и други атрибути.
Целиот стајлинг го заокружи со црни чизми, додека косата ја врза во опавче, а изгледаше како светските ѕвезди.
Цеца од оваа сезона е постојан член на жирито на „Ѕвезда Гранда“:
– Во овој момент можам да кажам дека ни претстојат три добри години кои ме врзуваат за овој проект. Сакаме да ги прославиме заедно во најдобро можно светло, изјави пејачката пред неколку месеци.
Фото: Никола Анѓиќ-Телеграф.рс