недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италија-Македонија ќе се игра на неутрален терен?

Италија-Македонија ќе се игра на неутрален терен?

Италијанските медиуми на големо пишуваат за натпреварот меѓу Италија и Македонија, кој ќе се игра во рамки на баражот за Светското првенство 2022. Најновата вест доаѓа од римскиот дневен весник „Ла Република“. Весникот тврди дека дуелот кој ќе го даде финалистот во баражот за Мундијалот може да се игра на неутрален терен.

Предвидено е оваа средба да се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, меѓутоа регионот има свои строги рестрикции поради коронавирусот. Италијанските власти признаваат засега само вакцинирани, а „Ла Република“ вели дека постои можност македонските фудбалери да се вакцинирани со руската „Спутник“, вакцина која државата не ја признава, или воопшто да не се вакцинирани.

Ова може да забрани влез за некои од македонските фудбалери во Палермо, па натпреварот да биде испратен на неутрален терен. Како најригорозна варијанта се споменува „исклучување на Македонија од баражот од страна на ФИФА“. Дуелот меѓу Италија и Македонија е предвиден да се игра на 24 март.