Една жена е приведена откако полицијата во Сан Диего добила пријава дека дошло до пукање долж трасата на маратонот кој секоја година се одржува во тој град.
Инцидентот е пријавен околу 11 часот по локално време на паркинг, во близина на кој се наоѓа целната линија за полумаратон и маратон, пренесува Си-Би-Ес 8.
Неколку минути подоцна полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола.
Освен тоа, се наведува и дека еден полицаец е наводно повреден кога случајно си пукал себеси во ногата или во стопалото.