недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес од 6 степени според Рихтер го погоди индонезискиот остров Талауд

Земјотрес од 6 степени според Рихтер го погоди индонезискиот остров Талауд

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Талауд, потврди Државната агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (БМКГ).

Ројтерс пренесе извештај од германскиот центар за геолошки истражувања, во кој се вели дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 24 километри.

Земјотресот се случил на 134 километри североисточно од округот Мелонгуана на островот Талоуд, а засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.