среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Истрага за полов напад врз дете

Истрага за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

На 14 јануари, осомничениот жител на Кратово извршил обљуба врз 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци. За да го принуди девојчето на сексуални односи, тој извадил нож, го ставил на вратот на оштетената и и се заканил.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип определи мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена​.