Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој членовите ќе дискутираат за проширување на важноста на сертификатот за прележаност во Македонија е ограничен на 45 дена. За споредба во многу држави тој се признава од најмалку 4 месеци па до 270 дена.
-Покрај повеќето прашања на утрешниот состанок, да и тоа е една од точките на утрешниот состанок. Ќе дискутираме дали може да има измени во времетраењето на сертификатот за прележаност, изјави вчера д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.
Освен за сертификатите, членовите на Комисијата ќе дискутираат и за големата смртност кај лица кои се целосно имунизирани. Врз основа на факти кои ќе треба да ги утврди посебна работна група може да има и мерки за задолжителна имунизација кај лица со коморбидитети.
-Ќе дискутираме за методологијата за пресметувањ ена морталитетот и секако она што го има во дневните извештаи за смртноста, каква вакцина примиле починатите а аимунизирани, колку се со две дози, колку со бустер, колку време поминало од имунизацијата, вели д-р Мехмедовиќ.
На дневен ред е и актуелната епидемиолошка состојба во земјата, а на денешната координација на министерот со надлежние од ковид центрите е констатирано дека слободни места за хоспитализација има.