среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Расчистена тешка кражба, приведено едно лице, украденото ќе биде вратено на сопственикот

Расчистена тешка кражба, приведено едно лице, украденото ќе биде вратено на сопственикот

Денеска (10.02.2022) во 01.40 часот на ул.„Васил Главинов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(37) од Скопје.

Тој се сомничи дека во периодот од 22.15 часот на 09.02. до 01.30 часот на 10.02.2022 со употреба на сила влегол во маркет на ул.„Васил Главинов“ и одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Предметите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.