понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Хрватска регистрирани над 5.000 нови случаи, починаа 44 лица

Во Хрватска регистрирани над 5.000 нови случаи, починаа 44 лица

Во последните 24 часа се регистрирани 5.169 нови случаи на инфекција со коронавирусот во Хрватска. Бројот на активни случаи во оваа земја денеска е 43.520.

Од нив, 2133 пациенти се во болница, од кои 171 се на респиратор. Од последиците на вирусот починале 44 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 1.009.973 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 14.373 починале, вкупно 952.080 се оздравени, од кои 7.951 во последните 24 часа. Во моментов во самоизолација се 22.155 лица. До денес се тестирани вкупно 4.387.730 лица, од кои 11.976 во последните 24 часа, пренесе Индекс.хр.