Јелена Карлеуша ја тужи светлана Цеца Ражњатовиќ, а рочиштето е одржано Основниот суд во Белград.
Рочиштето траело 37 минути, според оние кои се најдоа низ ходниците во судот тоа било доста бурно, а во еден момент дошло до голема расправија, кога се слушаше и гласот на Цеца.
-Како, можеш така да зборуваш?! Како не ти е срам?, се слушале гласови од внатрешноста на судницата. Кога рочиштето завршло, Цаца излегла прва и гласно извикала: „Таа е лолесница“.
Како што пишуваат српските медиуми, Карлеуша била тивка, а кога излегла од судница без коментар ја напуштила установата, велат извори кои се нашле на самиот настан.