Фудбалскиот клуб Милан подготвува нов договор за Исмаел Бенасер. Алжирецот беше најдобриот играч на Милан во победата над Сампдорија 1:0.
Паоло Малдини, спортскиот директор на Милан, нема намера да му се повторат грешките од минатото, кога клубот без оштета го напуштија Џиџи Донарума и Хакан Чалханоглу, а за неколку месеци истото ќе го направи Франк Кеси.
Во четвртокот, нов договор до 2026 година потпиша Тео Ернандез, а наскоро се очекува истото да го направи и Бенасер. Милан ќе му ја зголеми платата на 3.000.000 евра по сезона.
Бенсер е играч на Милан од 2019 година, кога клубот на Емполи му плати нешто повеќе од 17.000.000 евра.