ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Р.(50) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 05.07.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Лугер 1916“ калибар 9 мм, 10 боеви куршуми калибар 7,9мм, една детонаторска каписла, четири парчиња спорогоречки штапин, ловечка пушка „Црвена застава“ со калибар 16мм и шест патрони за пушката.