Од утре започнува скринингот во основните училишта. Во средните епидемиолошката состојба е стабилна, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Загрижувачките бројки од основните училишта биле аларм за да иницираат скрининг.
-Обезбедени се тимови кои ќе го спроведат скринингот, додава д-р Мехмедовиќ.
Претседателот на КЗБ, д-р Петличковски вели дека скринингот ќе биде спроведен токму во училиштата.