недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Украле регистарски таблички, па ги монтирале на друго возило

Украле регистарски таблички, па ги монтирале на друго возило

На 16.02.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ш.(30), Ф.Б.(36) и Н.И.(36), сите од Скопје. Тие се сомничат дека на 13.02.2022 на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје одзеле регистарски таблички од патничко возило „форд“, сопственост на А.А.(38) од Скопје и ги поставиле на друго возило.

По преземени мерки и при извршен преглед на возило „фолксваген пасат“, кое било пронајдено на ул.„Качанички пат“ било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возилото сопственост на А.А.. Исто така, било утврдено дека возачот Р.Ш. не поседува документи за возилото „фолксваген пасат“.

Табличките и возилото биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.