На 19.02.2022 околу 15.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Демир Капија- Неготино, Б.А. (37) од Скопје управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Неготино.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.