Нови два натпревари од осминафиналето се на програмата во Лигата на шампионите. Актуелниот победник во Лига Европа, Виљареал ќе го пречека Јувентус, а бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Челси, ќе се сретне со Лил. Без Паоло Дибала, но со Душан Влаховиќ, Јувентус ќе се обидат да изборат поволен резултат на „Ла Серамика“ пред реваншот во Торино. Влаховиќ, најскапото зимско засилување во историјата на Јувентус ќе дебитира во елитното натпреварување.
Виљареал ќе биде без својот најкреативен играч и најдобра стрелец, Џерар Морено. Челси и покрај тоа што играат во променлива форма се големи фаворити против актуелните француски шампиони, Лил.
Челси ја загуби битката со Манчестер сити и Ливерпул за титулата во Премиер лигата, но до крајот на сезоната ќе се бори за титулите во ЛШ, ФА и Лига купот.Челси и Лил играа во фазата по групи, во ЛШ во сезоната 2019/2020, двата натпревари завршија со победи на „сините“ 2.1.