вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Косовското Собрание ќе расправа по три интерпелации за Харадинај

Косовското Собрание ќе расправа по три интерпелации за Харадинај

Собранието на Косово денеска ќе одржи пленарна седница, на чиј дневен ред се три интерпелации за косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, првата интерпелација, според дневниот ред што денеска го објави собраниската служба за информирање, е поднесена од Движењето Самоопределување (ВВ) и се однесува на обвиненија за „корупција и организиран криминал во институциите и кај високи претставници на власта“, во врска со одлуката на Владата да исплати пенали во висина од 53 милиоини евра за изведувачот на работите на автопатот Приштина-Скопје.

Втората и третата интерпелација се поднесени од пратеничките групи на ВВ и на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) – едната за финансиската состојба на јавните претпријатија Телеком и Пошти на Косово и другата за незаконски одлуки и конфликт на интереси на министерот за земјоделство Ненад Рикало. (МИА)