Актуелниот европски шампион Челси славеше со 2:0 над Лил во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и направи голем исчекор кон пласманот во следната рунда.
Во вториот натпревар во ЛШ, Душан Влаховиќ со голот во првата минута уште еднаш покажа дека Јувентус направи вистински избор со неговиот ангажман во јануари, но „старата дама“ во второто полувреме остана без победата и мечот заврши 1-1.
Јувентус предноста ја чуваше до средината на второто полувреме, поточно до 66 минута кога Дани Парехо го совлада Војчех Шчешни и го постави конечниот резултат. Реванш натпреварите ќе се играат за три недели во Лил, односно Торино.