четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВТОР ДЕН НЕБОТО НАД УКРАИНА ПУСТО – настрадаа и нејзините соседни земји, над македонското небо се зголеми бројот на авиони! (ФОТО)

ВТОР ДЕН НЕБОТО НАД УКРАИНА ПУСТО – настрадаа и нејзините соседни земји, над македонското небо се зголеми бројот на авиони! (ФОТО)

Втор ден страда небото над Украина.

Имено и денеска доколку ја отворите интернет страницата flightradar24.com ќе можете да забележите дека над украинското небо и денеска е „пусто“ бидејќи сите авиокомпании од Европа и целиот свет ја заобиколуваат поради војната која започна вчера.

Сепак штета не претрпува само Украина, авиони нема ниту над небото во Белорусија и Молдавија.

Сето ова придонесе да се зголеми фреквенцијата на небото над многу европски земји недалеку од воздушниот простор кој не е безбеден, па така авионите летаат преку Бугарија, Грција па и Македонија и преку Турција.

Доколку во реално време ќе ја отворите страната и ќе ја селектирате Македонија ќе забележите дека и над нашето небо е зголемен бројот на авиони кои не прелетуваат.