вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Верувале или не: Русин ја прослави победата со украинското знаме

Верувале или не: Русин ја прослави победата со украинското знаме

Рускиот голман Иван Злобин позираше со украинското знаме во рацете.

Руската инвазија на Украина е во тек, но за разлика од Владимир Путин и неговите истомисленици, многу Руси веруваат дека војната е излишна и дека мирот е неопходен, а некои руски спортисти јавно се изјаснија и ја поддржаа Украина.

Сепак, се чини дека голманот на португалската Фамалика отиде чекор понапрет. Иван Злобин, Русинот кој брани за Фамаликао позираше со знамето на Украина по победата од 2:1 над Тондел во 24. коло од португалскиот шампионат.

Злобин е резервен голман на единаесеттопласираниот тим во Португалија, а на трибините се дружеше со Украинец кој со себе го донесе знамето на земјата во која војната трае веќе пет дена.

Има уште неколку руски спортисти кои испратија пораки за мир, особено фудбалерот Федор Смолов и тенисерите Даниил Медведев и Андреј Рублев.