четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанка тешко повредена, во неа удрило товарно возило

Скопјанка тешко повредена, во неа удрило товарно возило

На 04.03.2022 во 09:00 часот на ул.Христијан Тодоровски – Карпош во Скопје товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.И.(61) од Скопје удрило во С.А.(71) од Скопје.

Oд незгодата со повреди се здобила С.А.. На неа во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.