четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Спалети: Елмас е многу интелегентно момче

Спалети: Елмас е многу интелегентно момче

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас го замолкна „Сан Сиро“ во декември со голот по кој Наполи се врати во шампионската трка и вечерва од 20.45 часот под Весув повторно се надеваат дека може да биде џокерот кој ќе ги врати наполитанците на врвот и ќе продолжи трката за „скудетото“.

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети кој од првиот ден има голема доверба во Елмас, уште еднаш го испофали фудбалерот за врска, порачувајќи и на цела италијанска јавност дека „си има работа“ со многу интелигентен фудбалер.

„Кога зборуваме за Елмас, зборуваме за офанзивен фудбалер за врска, кој може да биде и скриен напаѓач’, фудбалер кој е одлучен кога ќе дојде во ‘жешката зона’. И тој е многу интелигентно момче, кој се разбира и убавината е што сето тоа што го разбира, никогаш и не го заборава. Пред него е голема иднина“, рече Спалети.