четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Не штедел за прослава и подарок: Аца Лукас потрошил цело богатство за свадбата на синот

Не штедел за прослава и подарок: Аца Лукас потрошил цело богатство за свадбата на синот

Пејачот Аца Лукас го ожени синот Лазар, а тој ден се чини не штедел ниту денар.

Пејачот сакал неговиот наследник да има венчавка за паметење со 300 гости, па за тоа искеширал 50.000 евра.

-Аца не сакал да штеди за свадбата на синот, па му рекол да го избере најдобриот ресторан во кој може да се сместат голем број гости и да има пијалоци и храна во изобилство. Не гледаше колку чини. Затоа снаата Ана и синот Лазар го организираа најдобриот кетеринг, декоратори, но и пејачи за да изгледа како што треба свадбата. Аца, немал време да се занимава со детали, бидејќи бил фокусиран на „Избор на песна за Евроазија“, па само давал пари и рекол дека не штеди, вели избор за српските медиуми.

Инаку, Лукас подготви и вреден подарок. На младенците им подарил стан, многу поголем од оној во кој моментално живее неговиот син Лазар, во истата зграда со фолкерот.

 

Најнови вести