понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Четири лица повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

Четири лица повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

На магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на Сретковски мост, вчера вечерта се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со гостиварски регоистарски ознаки управувано од 38-годишниот гостиварец В.Ќ. и „сузуки свифт“ со струшки ознаки, што го управувал 53-годишниот стружанец Р.Х.

-Во несреќата, М.Ќ.(63), сопатничка во „аудито“, задобила тешки, а двајцата возачи и малолетен сопатник, исто така од „аудито“, телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.