петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Три лица приведени поради поседување марихуана

Три лица приведени поради поседување марихуана

На 07.03.2022 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Ф.В.(24) од Кочани, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во врска со случајот, на 08.03.2022 лишени се од слобода Д.Т.(36) и М.А.(52), двајцата од Кочани, бидејќи и кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по чл.215 од Кривичниот законик.