петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Сите мои деца ги обезбедив“ – еве каков подарок добиле младенците од свекорот, а кога ќе дознаете колку чинела свадбата ќе ви се заврти во умот

„Сите мои деца ги обезбедив“ – еве каков подарок добиле младенците од свекорот, а кога ќе дознаете колку чинела свадбата ќе ви се заврти во умот
Izvor: MONDO / Nenad Kostić

Пејачот Аца Лукас го ожени синот Лазар, а по се изгледа сакал тој ден на неговиот наследник да му биде еден од најубавите, па за тоа не штедел пари. Имено, како што пишуваат спрските медиуми, за свадбената прослава на синот Лазар и снаата Ана, на која имало околу 300 гости, пејачот „искеширал“ околу 50.000 евра.

„Лукас не сакаше да штеди за свадбата на синот, па му кажа да го избере најубавиот ресотран кој може да прими голем број на гости, а јадење и пиење да има во изобилие. Не гледал колку чини сето тоа. Затоа синот и снаата организирале најдобар кетеринг, декорации, но и пејачи за свадбата да изгледа како што треба. Аца немал време да се занимава со деталите, бидејќи бил фокусиран на изборот за песна на „Евросонг“, па само дал пари и кажал да не се штеди. Го жени синот и како што рекол, не сака никој да му се смее од естрадата и да каже дека бил „стипса“ – рекол изворот.

Инаку, Лукас за синот и снаата подготвил и вреден подарок. Тој на младите им подарил стан, кој е доста поголем од оној во кој до сега живеел.

„Јас сите мои деца ги обезбедив. На Лазар и снаата им подарив трособен стан, но не би сакал да откријам на која локација – рекол пејачот.

Најнови вести