понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил излетале од пат, повредени две лица

Со автомобил излетале од пат, повредени две лица
илустарција

На 12.03.2022 во 06.50 часот било пријавено дека на регионален пат кај с.Јосифово, валандовско, патничко возило „пежо“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од с.Раброво, валандовско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(32) од Валандово, а со телесни повреди се здобил сопатникот П.П.(25) од Гевгелија, констатирани во Општата болница во Гевгелија, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.