недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од патот Штип-Кочани, маж и жена повредени

Автомобил излета од патот Штип-Кочани, маж и жена повредени

На 12.03.2022 во 10.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, во близина од исклучок за Кочани, патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(48) од Скопје излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот О.Ш.(49) од Скопје, а со телесни повреди се здобила М.Ш., констатирани во Клиничката болница во Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.