понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Воз се преврте кај Париз, има повредени

Воз се преврте кај Париз, има повредени

Седум луѓе се полесно повредени во несреќа кај Париз кога три вагони на пригадски воз, поради лошите временски услови, се лизнале од шините и се превртеле.

Француската министерка за сообраќај Елизабет Борн изјави дека несреќата била предизвикана од одрон на земјата на линија на регионалната пруга меѓу местата Сент Реми Ле Чеврез и Орсе, околу 30 километри јужно од Париз.

Таа рече и дека за среќа има само седум повредени, и оти тие се згрижени.