Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс по мечот со Минесота (104:124) проговори за својот пристап кон работата во позадината на бројните порази на тимот.
-Трпението е важен фактор за мене секоја сезона. Сегашната не е исклучок. Годинава трпението ми се става на тест пожестоко отколку во последните неколку години, бидејќи имаме многу проблеми со играта и многу порази. Сето тоа е таков тест за вашето трпение, способност да останете фокусирани на она што се случува на теренот, да најдете начини да ја подобрите сопствената игра, способноста да го задржите вистинскиот став и да не подлегнувате на поразителни расположенија… Никогаш не би си дозволил да паднам во таква состојба, дури и кога губам натпревар, изјави Џејмс.
За прв пат од неговата дебитантска сезона во НБА, тимот на Леброн има 11 порази повеќе во споредба со победени натпревари. (МИА)