сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Десетте најплатени ѕвезди во НБА лигата

Десетте најплатени ѕвезди во НБА лигата

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс следната сезона ќе заработи 128 милиони долари. За Леброн ова ќе биде 21. сезона во НБА лигата, од плата ќе заработи 47,6 милиони, додека „од страна“, на пример од спонзори дополнително ќе заработи околу 80 милиони.

Веднаш под него е Стеф Кари со 101,9 милиони, кој со 51 милион всушност ја има и најголемата плата во лигата.

Следен е Јанис Адетокумбо со 90,6 милиони, потоа Кевин Дурент (88,4), Клеј Томпсон (64,2) и МВП-то од минатата сезона Џоел Ембид (56,6).

Џејмс Харден е осми по заработка со 55,6 милиони, српскиот ас Никола Јокиќ ќе заработи 54,6, додека Топ 10 листата ја заокружува Пол Џорџ со 54,1 милиони.