петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца жители на Џепчиште истепале соселанец

Тројца жители на Џепчиште истепале соселанец

Жители од дебарското село Џепиште физички нападнале соселанец, за што против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На локален пат во дебарското село Џепиште нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија и физички напад извршен од А.Л (52) и Б.Л.(31) врз М.Р.(41), сите од истото село. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, рече Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Тој информираше и околу засилените сообраќајни контроли на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива ОВР- Дебар.

– Во период од четири часа полициските службеници затекнале и санкционирале 6 возачи кои, управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената. Од нив, петмина ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место и еден во населено место, изјави Димоски.
Додава дека контролите ќе продолжат со цел поголема безбедност во сообраќајот.