вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Драган Канатларовски ги собра младите фудбалери (ФОТО)

Драган Канатларовски ги собра младите фудбалери (ФОТО)

Младата македонска фудбалска репрезентација денес го имаше својот собир за предизвиците во следната недела со пресметките со Србија и Фарските Острови во претпоследниот циклус од квалификации за Евро 2023 во Романија и Грузија.

Селекторот Драги Канатларовски прозиваше денеска и ги собра своите избраници, па во следните три дена ќе следи подготовката прво за пресметката со северниот сосед во Белград на стадионот на Вождовац, кој е еден од клучните мечеви, а потоа и со Фарските Острови идниот вторник во Скопје, кој ќе мора да се победи.