петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

ФМП убедливо против Ангели, Еуро Никел со гостинска победа против Куманово

ФМП убедливо против Ангели, Еуро Никел со гостинска победа против Куманово

Академија ФМП запиша убедлива победа во домашниот машки шампионат, и тоа против Ангели со 83-56, додека во вториот меч Еуро Никел го совлада Куманово со (75-67).

Еуро Никел имаше ужасен старт на натпреварот, а тоа знаеше да го искористи Куманово, кој ја доби првата четвртина со 22-17, а потоа домашните кошаркари ја зголемија предноста на високи +15 (34-13), меѓутоа Еуро Никел почна полека да се буди и во вториот дел ја врати неизвесноста.

Најдобар во екипата на Куманово беше Марјановиќ со 23 поени и четири скокови, додека Ѓекиќ на спротивната страна постигна 16 поени и четири скока.

Академија ФМП немаше проблеми против Ангели и запиша победа од 83-56, а најдобар во победата беше Крстајиќ со 19 поени, три скокови и една асистенција, додека Милков беше најефикасен кај Ангели со 12 поени.