недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на повредените во сообраќајката во Аеродром

Познат идентитетот на повредените во сообраќајката во Аеродром

Три лица се повредени, од кои двајца потешко, во сообраќајна несреќа која вчера се случи на крстосница од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска Бригада“ и ул.„12-та Македонска бригада“.

Во несреќата учествуваа мотоцикл „сузуки“, управуван од Л.Т.(19) од Скопје и патничко возило „фиат уно“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(38) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатникот од мотоциклот Б.А.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот А.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.