ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.З.(24) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
Тој, во својот автомобил „мерцедес“, на А.Х.(18) од Кичево му овозможил користење марихуана, која била пронајдена при извршен преглед во возилото.