Двајца малолетници се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу пладне на локалниот пат Куманово-с.Сопот.
Во несреќата, информира МВР, учествувале товарно возило „мерцедес“, управувано од О.Л.(19) од Куманово и мопед управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.
-Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот од с.Горно Којнаре, кумановско, констатирани во Општа болница во Куманово, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.