Во текот на вчерашниот ден, редакцијата на КУРИР на својот Фејсбук профил објави фотографија од македонската фудбалска репрезентација и побара мислење од своите читатели да прогнозираат за крајниот резултат на мечот против Италија.
Еден од нашите читатели не само што го погоди точниот резултат, туку и ја предвиде целата ситуација.
Александар Трајковски во 92 минута постигна фантастичен гол за Македонија и ја однесе македонската репрезентација во финале со Португалија за пласман на СП во Катар.