Англија ланското лето доживеа горчлив пораз во финалето на Еуро 2020 од Италија, па сеирот од Чизмата беше болен на Островот, ама осум месеци потоа Англичаните дочекаа да вратат двојно и тоа после сензацијата на Македонија и елиминацијата на европскиот првак од трката за Светското првенство.
Посебно навивачите на Лидс се главни во мајтапот и тоа само поради својот некогашен најомилен фудбалер Езџјан Алиоски, кој остави силен белег на „Иланд Роуд“, па навивачите сега плачат по него, откако клубот дојде во зона грчевито да се бори за опстанок.
И настрана што ја сеират Италија со Алиоски…
Alioski > Italy. #MOT pic.twitter.com/QLNUGv57tU
— Nick 🇨🇦 (@Nick28T) March 25, 2022
…, имаат и посебна порака за Португалија и Кристијано Роналдо. Во вторник Алиоски ќе му ја заврши кариерата на велемајсторот со елиминација на Португалија.
Alioski has just knocked the European Champions out of the World Cup. Next stop, ending Ronaldo’s international career. #lufc pic.twitter.com/bH954edNrm
— Andy Lowe 💙 (@AndyLoweLeeds) March 24, 2022
Italy???
— Andrew (@Tillian1243) March 24, 2022