Водечките медиуми во светот со воодушевуваат на славјето на македонските навивачи по успехот во Палермо против Италија.
Македонската репрезентација успеа да победи минимално со 0:1, што беше доволно за да се пласираме во големото финале, каде за ривал ја имаме Португалија, а тоа ги извади навивачите по улиците низ Македонија.
Во Скопје лудо се прослави до доцните часови во ноќта, илјадници навивачи со разни реквизити излегоа со автомобилите и мопедите, па прославуваа по главниот град на Македонија.
Посебна репортажа за тоа направија од Еуроспорт, кои попатно порачаа…. „Еве вака се навива кога ја добивате Италија!“.