вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер ограбил скопјанка, ја нападнал и ја оставил без накит

Тинејџер ограбил скопјанка, ја нападнал и ја оставил без накит

На 24.03.2022 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.С.(18) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 14:00 часот пред дом на улица „Јустинијан Први“ со употреба на сила одзел златен накит од С.З.(60) од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.