понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Карпош, тројца повредени

Тешка сообраќајка во Карпош, тројца повредени
илустрација

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ се случила на крстосница од бул.„Партизански oдреди“, ул.„Лондонска“ и ул.„Московска“.

Како што информираат од МВР во несреќата учествувале „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувана од В.Н.(54) од Скопје и „опел корса“ со која управувал М.И.(19) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Н., а со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „форд фиеста“, Е.Е.(26) од Скопје и возачот М.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.