Шест средношколци од Ниш се отруле со храна купена во објект за продажба на брза храна кој се наоѓал во непосредна близина на комплексот во кои се Економското, Угостителското и Трговското училиште, дознава агенцијата Бета во Брзата помош.
Петте екипи на Брзата помош ги пренеле во Детската интерна клиника на дополнителни прегледи и лекување. Од таа здравствена установа изјавиле дека интервенирале нивни две екипи и дека се уште се на терен, во случај уште некое дете да не се чуствува добро.
– Се сомневаме на труење со храна затоа што учениците пола час или час откако ја изеле храната од тој објект почнале да се жалат на мачнина и повраќање, изјавиле од Брзата помош, пренесуваат српските медиуми.
Тие исто така навеле дека пет деца се згрижени во Детската интерна клиника, а едно е пуштено на домашно лекување.
Директорот на Економското училиште за агенцијата Бета изјавил дека учениците по големиот одмор и ужината се пожалиле на мачнина и поради тоа училиштето повикало Брза помош.
Тој додал дека меѓу шесте ученици кои се затруле од храна има и ученици од сите три училишта.