Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе се сретне со германската канцеларка, Ангела Меркел, информираат од прес службата на Алијансата.
Столтенберг вчера се сретна и со германскиот министерот за надворешни работи, Хејко Мас, а ќе се сретне и со членови на парламентарните комисии за надворешни работи и за одбрана. Засега не се соопштуваат детали од разговорите.
МИА