среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шекил О’Нил: Никола Јокиќ е кошаркарски феномен

Шекил О’Нил: Никола Јокиќ е кошаркарски феномен

Еден од најдобрите центри на сите времиња, Шекил О’Нил во суперлативи зборуваше за српскиот интернационалец Никола Јокиќ кој стана првиот играч во историјата на НБА кој успеал да ја надмине границата од 2000 поени, 1000 скока и 500 асистенции во една сезона.

„Неверојатен е начинот на кој тој игра и ја разбира кошарката. Јокиќ ги прави сите играчи покрај него подобри. Јас кога ја примав топката секогаш гледав накај кошот, додека тој прво ги бара соиграчите, кој е во подобра позиција. Мене најимпресивна ми е бројката од 500 асистенции, таа го одвојува од сите останати високи играчи. Никола Јокиќ дефинитивно е голем играч и посебен во секој поглед. Се што прави, прави на свој начин и тоа делува импресивно“, изјави О’Нил.