петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нови 23 случаи на коронавирус, почина едно лице

Нови 23 случаи на коронавирус, почина едно лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 19, Прилеп – 2, Гостивар и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (23), регистрирана е 1 реинфекција.

Регистрирани сe 190 оздравени пациенти од: Скопје – 108, Битола – 23, Кавадарци – 13, Гевгелија – 9, Прилеп – 7, Велес – 6, Куманово – 5, Ресен – 4, Струмица и Кичево – по 3, Тетово, Штип, Кочани и Пробиштип – по 2. Свети Николе – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од:Охрид (80г), починато во болнички услови со коморбидитети.

Направени се 953 тестови преку: ИЈЗ-40, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-23, Биотек-29, Систина-36, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-149, ВФВ Медикал-21, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 611

Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211

Најнови вести