Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случила вчера попладне на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучка Хиподром.
Од МВР информираат дека товарно возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(31) од Скопје, излетало надвор од патот.
-На местото на несреќата починал Д.Ѓ., а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.