Манчестер сити се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампиони откако успеа да одигра 0:0 на гостувањето во Мадрид против Атлетико и благодарение на победата од 1:0 во првиот меч, англискиот тим се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампиони.
Во финишот на мечот беше многу тензично, а Фелипе доби црвен картон, а беа доделени и шест жолти картони во судиското надополнување. По завршување на средбата, тензијата се зголеми, па додека влегуваа кон соблекувалните, се случи инцидент.
Стефан Савиќ повторно беше во кавга со играчите на Манчестер, а потоа се вклучи и Шиме Врсаљкокој дури и плукаше кон членовите на Граѓаните, а „летна“ и едно шише. Целиот овој хаос мораше да го спречи полицијата, која за среќа не дозволи поголем инцидент.
The full time scenes between Madrid and City… incredible 🤣pic.twitter.com/6csrMQh7Rr
— Watch LFC (@Watch_LFC) April 13, 2022