понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Словенија ги укина маските во повеќето затворени простории

Словенија ги укина маските во повеќето затворени простории

Носењето маски во повеќето затворени простори повеќе не е задолжително, но оваа мерка се’ уште се препорачува кога не е можно да се одржи дистанца, соопшти словенечката влада.

Ваквата одлука е донесена поради подобрена епидемиолошка состојба во Словенија.

Носењето маски останува е задолжително во здравствените установи, домовите за стари лица и другите социјални установи.

-Маските во пандемијата беа една од клучните мерки за спречување на ширењето на вирусот, а доколку немаше таква обврска, епидемиолошката слика ќе беше многу полоша во изминатите епидемиски бранови, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беовиќ.

Во последните 24 часа се потврдени 1.535 новозаразени со коронавирус, односно 577 заразени помалку од една недела претходно, а бројот на хоспитализирани продолжува да опаѓа.